Зошто нашата баба е една од најважните личности во нашиот живот?

Бабите имаат златно срце. Тие се нашите најголеми инспирации, но и најголеми поддржувачи во животот. Но, како и се во животот, често ги земаме здраво за готово и ретко им се заблагодаруваме за сите работи кои ги прават за нас.

Затоа, најдете малку време и заблагодарете и се на вашата баба. Кажете и ги следниве зборови:

„Бабо, не знам ни од каде да почнам за да ти се заблагодарам за се што ме научи. Ти ми даде толку многу љубов и поради тебе јас сум ова што сум денес. Никогаш нема да можам да ти ја искажам благодарноста којашто навистина ја заслужуваш. Поминувањето време со тебе многу ми значи. Јас сум неизмерно среќна личност затоа што сум твое внуче. Фала ти за тоа што секогаш ми шепотеше охрабрувачки зборови на моето уво. Те сакам.“

Еве само дел од причините поради кои нашите баби се меѓу најважните луѓе во нашиот живот:

1. Таа ги дава најтоплите прегратки.
2. Баба секогаш знае што да каже за да се чувствувате подобро.
3. Да бидеме искрени, кога сте оделе во посета, никогаш не сте си заминале гладни или со празни раце.
4.Таа ви дава уникатна перспектива на животот.
5. Таа е ваш најголем обожавател.
6. И таа секогаш најдобриот слушател.
7. Теглата со колачиња кај баба е секогаш полна.
8. Таа е прекрасна жена со стил.
9. Нејзините приказни се едни и единствени.
10. За неа сте секогаш најубави, дури и кога не се чувствувате така.
11. Баба никогаш не го заборава роденденот.
12. Таа секогаш прави да се чувствувате специјално и добро.
13. Ако сте болни или во опасност, таа ќе се грижи за вас.
14. Таа ве учеше како да си го кажувате мислењето и да се борите за правилните работи.
15. Рачно напишано писменце од баба ви секогаш ви го разведрува денот.
16. Совршено и стојат очилата за читање.
17. Нејзините совети секогаш се искрени и мудри.
18. Секогаш можете да сметате дека ќе биде покрај вас, дури и во најтешките времиња.
19. Таа ве научи како да се почитувате себеси.
20. Баба најубаво готви и за тоа нема никаква дебата.
21. Таа ве научи да бидете храбри дури и кога сте исплашени.
22. Таа е една од најсилните жени кои ги знаете.
23. Нејзиниот глас и смеа секогаш ќе ви го подигнат расположението.
24. Таа ве охрабрува да ги поместувате сопствените граници.
25. Таа ве прифаќа такви какви што сте.
26. Што би правеле без нејзината мудрост и утеха?
27. Баба има најнесебично срце.
28. Таа е вашето сидро кое ве држи цврсто.
29. Таа ви помогнува да се подготвите за најдобрите, но и за најлошите моменти во животот.
30.  Таа секогаш ги исполнува своите ветувања.

 

cheap nike free run 5.0