Зошто на жените толку многу им се потребни пријателките?

Едно од предавањата на Универзитетот Стендфорд било за поврзаноста на умот и телото, за врската помеѓу стресот и болеста. Професорот на катедрата за психологија на Стенфорд, помеѓу другото, рекол дека една од најдобрите работи кои мажот може да ги направи за своето здравје е да биде оженет, додека пак за жената една од најдобрите работи кои може да ги направи за своето здравје е да го негува пријателството со своите другарки.

Најпрво сите почнале да се смеат, но тој бил сериозен. Жените се поврзуваат меѓу себе на различен начин од мажите и осигуруваат еден систем на поддршка кој меѓусебно им помага да се носат со стресот и тешките животни проблеми. На физичко ниво, времето кое жената го поминува со другарките го зголемува нивото на серотонин – хормонот на среќата. Жените меѓу себе ги споделуваат свите чувства, додека пак мажите често го градат пријателството околу заеднички активности.

Тие ретко седнуваат со другарите за да зборат за тоа што го чувствуваат или за тоа што им се случува во личниот живот. Работа? Да. Спорт? Да. Автомобили? Да. Рибарење, лов? Да. Но, чувства? Ретко. А жените тоа го прават често...

Со своите сестри и мајки споделуваат што им лежи на душата... И очигледно тоа е добро за нивното здравје. Професорот рекол дека времето поминато со пријателките е исто толку важно за општото здравје на жената како и трчањето или гимнастиката.

Постои наклонетост да се верува дека додека вежаме правиме нешто корисно за своето тело, но додека жените се дружат меѓу себе, губат време и мораат да бидат поактивни – што не е точно. Во суштина, професорот рекол дека неможноста за создавање и одржување лични односи со другите луѓе е опасно за физичкото здравје на жената.

Затоа, ако жената излезе да збори со пријателките треба да се охрабри и да и се честита бидејќи прави нешто добро за своето здравје!

Жените во суштина се многу, многу среќни!

Затоа, да наздравиме за пријатеството... Очигледно тоа е добро за нашето здравје.

Заблагодарете им се на сите жени во вашиот живот кои ви помогнале да останете здрава, среќа и сакана.

Споделете го ова со вашите пријателки и останете поврзани!