Зошто на некои жени никој не им приоѓа?

Мажот обично не приоѓа сèдодека не добие јасен сигнал што ќе го увери дека неговото додворување нема да биде напразно.

Кога ќе сретнат потенцијален партнер, жените му испраќаат суптилни и често лажни сигнали за да се уверат дали вреди да ја продолжат играта. Всушност, жените се склони да ги бомбардираат мажите со додворувачки ритуали во првите мигови по запознавањето, но испраќајќи ги тие нејасни сигнали, всушност манипулираат со нив, сè со цел да ги освојат.

Тоа е една од основните причини поради кои на некои жени им е тешко да привлечат маж – имено, тие се збунуваат и не им приоѓаат, а така се однесуваат бидејќи се плашат дека ќе бидат одбиени.

Пет главни совети за однесување на блиц-состаноците

1 Користете позитивна гестикулација. Тоа ќе ви ја зацврсти самодовербата, а и другите ќе стекнат подобар впечаток за вас. 

2 Лесно кимајте со главата додека го слушате. Тоа на соговорникот ќе му покаже дека навистина ве интересира неговата приказна.

3 Внимавајте на целиот свој став и настојувајте да изгледате самоуверено, но и заинтересирано. Наведнете се малку кон соговорникот кога ви се обраќа.

4 Ако многу гестикулирате, држете ги прстите составени и не ги кревајте рацете над нивото на брадата.

5 Не ги прекрстувајте рацете на гради и потрудете се да користите говор на телото што укажува на ваша отвореност и достапност.