Зошто морето ни годи толку?

Понекогаш ни е доволно само да го гледаме во него и да ги слушаме морските бранови. Тоа за нас и нашето  тело нуди опуштање. Морската вода и воздух се одлични за нашата душа, но и нашето тело.

Лечење со морска вода

Старите Грци биле првите кои успеале да ја откријат лековитата моќ на морската вода. Популарната техника со лечење на брановите поттекнува од Грција, каде на грчките острови Родос и Крф се применувала уште пред 2500 години. Хипократ ги открил и лековитите својства на водата преку набљудувањето како тие делуваат на раните. Забележат дела водата го забрзува зараснувањето на раните, ги спречува инфекциите и ја намалува болката.

Во Франција уште во средината на 20 век се отворени центрите за лечење на здравствените тегоби со помош на супстанците добиени од морето и морската вода.

Морската вода содржи важни елементи за нашето здравје

Морето ги содржи сите елементи кои се важни за нашиот живот – натриум, магнезиум, калциум, калиум, силициум, па дури и сребро и злато. Морската вода длабоко продира во кожата и на тој начин овозможува делување на минералите. Морето содржи и алги кои изобилуваат со минерални супстанци. Тие уште одамна се сметаат за извор на здравјето и убавината. Го поттикнуваат обновувањето на клетките, го подобруваат изгледот на кожата, го стимулираат метаболизмот, го јакнат имунитетот, ги спречуваат воспаленијата, ја чистат кожата и помагаат во отстранување на целулитот.

Морето благотворно делува и на астмата и алергиите

Морската сол има својства антисептика и антихистамин, поради што е благотворна кај кожните алергиски реакции. Светските педијатарски болници успешно ги користат купките со морска сол за лечење и ублажување алергија. Чистиот морски воздух го олеснува дишењето и поволно делува кај оние кои се заболени од астма.

Сонцето му овозможува витамин Д на нашето тело

Сончањето на море му помага на нашето тело да се снабди до витмаин Д кој му е потребен на нашиот организам. Неодамнешните истражувања потврдуваат дека тоа игра клучна улога во спречување на многу болести, вклучувајќи и мултиплекс склероза и рак. Но, за да добиете витамин Д не морате да се сончате на најтоплото. Одберете ги раните утрински и вечерните часови. Обрнете особено внимание на кремите за сончање.

Морето помага да се ослободиме од стресот

Што ни помага да се опуштиме повеќе од сонцето, морскиот воздух и вода и звукот на брановите? Морето ни дава можност да заборавиме на секојдневните проблеми и целосно да се опуштиме. Магнезиум кој во висок процент е содржан во морската вода помага во борбата против стресот.

Морскиот воздух е богат со негативни јони

Морскиот воздух содржи негативни јони кои го поттикнуваат длабокото дишење. Тие го јакнат имунитетот, ја подобруваат концентрацијата, ја намалуваат несоницата, депресијата, главоболката и заморот и поволно делуваат на луѓето со астма и алергија.

Морето го ублажува артритисот и болката во грбот

Благодарение на составот на морската вода се намалува болката, се намалуваат воспаленијата, се опушта и поттикнува ослободувањето на вишок течности од организмот. Поради тоа, капењето во морска вода им носи олеснување на оние кои патат од реума, артритис и болки во мускулите и грбот.

Морската вода го поттикнува чистењето на организмот

Капењето во морето помага  филтрирање, односно исфрлање на штетни супстанци од организмот, кои се содржани во бубрезите, кожата и црниот дроб. Наталожените штетни материи се движат преку лимфата и крвотокот кон површината, со што се олеснува процеот на излачување. Тоа помага во чистење на штетните состојки од кожата, клетките, но и целиот организам.

Морето ги лечи кожните проблеми

Морската сол е богата со различни состојки. Таа содржи калциум, калиум, бром, натриум, манган, магнезиум, јод, флуор и железо. Поради тоа, таа благотворно делува на кожата и помага кај кожните тегоби како дерматитис, псоријаза и егземи.