Луѓето често ме прашуваат: „Што ти е, зошто молчиш?“, „Зошто си тивка?“

Ова се прашања кои често ме нервираат, па сакам да разјаснам неколку работи:

Јас не сум тивка, ниту молчалива. Едноставно зборувам кога имам нешто да кажам и како тип повеќе сум сконцентрирана на својот свет. Го сакам тоа чувство кога ќе потонам во својот свет.

Мразам празни муабети. Повеќе сакам да зборувам за длабоки, значајни теми. На пример: „Што те прави среќен?“ или „На што мислиш навечер пред да заспиеш?“

Мислам дека тишината е прекрасна. Разговор е прекрасен, но тишината може да биде подеднакво убава, особено ако ја користиме на правилен начин и со правилните луѓе.

Дури и кога сум молчам, мојот ум постојано зборува. Сакам да споделувам реченици кои имаат значење и цел. Одбирам зборови кои зрачат со љубезност и разбирање.

Не ги сакам општествените бариери кои се поставуваат во одредени ситуации. Јас имам отворен ум и секогаш сакам да разговарам, но не и ако зборувањето е против моите принципи.

Не сакам и одбивам да озборувам, затоа што мислам дека нема никаква поента и не е фер да им се збори на луѓето позади грб. Ако имам нешто да кажам, тоа би биле добри и позитивни работи. Ако нема такви работи, тогаш ќе си продолжам да молчам.