Зошто многумина не можат да пронајдат љубов?

Луѓето денес имаат сѐ повеќе краткорочни авантури. Се зголемува бројот на партнери, а од друга страна сите викаат дека никогаш порано немало толку малку љубов и толку многу луѓе гладни за љубов.

Според познавачите ова се најголемите виновници и причини поради кои луѓето не можат да пронајдат љубов:

Сите сакаат инстант задоволства

Денешните генерации се фокусирани на моменталните задоволства. Живееме во време во кое сите сакаат сѐ и сакаат веднаш да го добијат тоа што ќе им падне на ум. Ова прераснува во навика која е штетна, затоа што љубовта не е инстантно задоволство, туку долготрајно чувство и труд.

Култура изградена на основа на пороци

Пороците одат рака под рака со моменталните задоволства, а модерната култура ги воздигнува пороците: алкохол, дрога, цигари, нездрава храна... Па така, луѓето претпочитаат 5-6 чашки алкохол кои ќе им донесат инстантно задоволство, отколку вистинска и сериозна врска.

Секс, секс и уште малку секс

Сексот сѐ почесто се одвојува од љубовта и се гледа само како телесно задоволство и затоа сѐ повеќе се промовираат овие односи во кои доминира сексот, а во кои ги нема обврските кои врската ги носи со себе.

Себичноста како водечка струја

Сите луѓе се себични и сакаат да си ги задоволат своите потреби и секако дека здрава доза себичност е потребна за човек да не дозволува да го искористуваат. Но, во последно време се чини дека луѓето преминуваат на страната каде што ги гледаат само своите потреби и не бираат средства за да го добијат тоа што го сакаат и не размислуваат дали ќе повредат туѓи чувства, а да не ни зборуваме за тоа колку во последно време луѓето не се способни да направат компромис.

Сѐ уште веруваме во бајки со среќен крај

И покрај тоа што живееме во време во кое сите се цинични, сепак луѓето сакаат да веруваат во бајки и љубов. Но, тоа создава хаос во главата на луѓето и тие се прашуваат што е тоа љубов и дали воопшто вреди да се трудат и да се мачат да најдат љубов.

Луѓето не знаат да сакаат

Љубовта е комплицирана работа. Еден од најголемите проблеми е тоа што луѓето имаат заборавено да сакаат: не се подготвени да направат жртви, цело време пресметуваат нешто, мерат колку другата страна направила нешто за нив, за да знаат и тие колку да дадат, итн.

Љубовта е вештина која се учи и не е срамота да признаеме дека не знаеме да сакаме. Срамота е да речеме дека знаеме сѐ и не се трудиме, а за сѐ да ја обвинуваме судбината.