Зошто многу жени свесно избираат самотија?

За мене, среќен живот е секој ден поминат со својот сопруг и моите деца. Сепак, не сите луѓе го делат моето мислење. Некои жени свесно избираат да бидат сами. Можеби моето мислење некогаш ќе се промени, но моментално не разбирам како некој може да се откаже од сè и да живее сам. Токму така живее и една моја многу добра пријателка.

Ја прекина комуникацијата со некои пријатели, се разведе и избра да ужива во својата самотија. Кога ја прашав зошто го направи тоа, таа ми го кажа ова:

 „Преку глава ми е од сè, уморна сум. Сакам да бидам независна и слободна. Сите постојано бараат нешто од мене. Сопругот, децата, пријателите, сите по ред. Речиси целото време го посветувм само на нив и немам ни минута време за себе. Треба да ги сакаме луѓето во нашиот живот, но треба да се сакаме и себеси, затоа што сме си најважни на светот. Никој не може подобро да ме разбере од тоа како се разбирам себеси. Само јас сама можам да се грижам за себе. Другите сите гледаат за себе. Ова го сфатив дури по многу години. 

Сфатив дека полесно е да се живее ако не ги земаш на срце туѓите желби и барања. Сега со сигурност можам да речам дека кога сум сама добро се чувствувам. И не ми треба некое големо друштво. Сфатив дека јас и сопругот имаме различни интереси. Некои мои познаници имаа многу заеднички интереси и често одеа заедно на излети и патувања, но јас и мојот сопруг немавме ништо заедничко. Кога почнав да живеам сама, сфатив колку добро се чувствувам. Почнав да гледам телевизија онолку колку што ја сакав, читав книги во тишина, го јадев она што јас го сакам, а не она што другите го сакаат. Го пронајдов својот мир и не ја трошам енергијата на другите. 

Мојот сопруг често трошеше пари на глупости и некогаш се наоѓавме во ситуација едвај да го протуркаме месецот. Сега парите ги трошам на она што мислам дека е потребно, дури успевам и да заштедам нешто. Нималку не се каам за својата одука и не чувствувам празнина во душата. Сигурна сум дека самотијата е прекрасна. И јас како и другите, пред 20-25 години, обожавав забави и гости, но со годините ми се променија приоритетите. Моето време истекнува, затоа сега сакам да живеам за себе и да се грижам за себе. Сакам да бидам среќна.“

По разговорот со пријателката се запрашав дали јас би се осудила да го направам истото? Дали би можела да ја прифатам самотијата на истиот начин? Искрено не знам, мојот одговор моментално е повеќе „не“ отколку „да“. Но, можеби и моите приоритети ќе се променат со текот на годините.