Зошто младите во Македонија не се одлучуваат да формираат многудетни семејства?

Во Македонија наталитетот и понатака е сериозен проблем. На овој факт укажуваат се помалку запишаните деца во прво одделение , а следствено на тоа и помал број на средношколци во средните училишта.

Училиштата стануваат се попразни, а бројот на деца од година во година се намалува.

Загрижува и фактот што се повеќе расте бројот и на младите луѓе кои не се одлучуваат да се оженат или омажат за да формираат семејство. Младите се почесто заминуваат во странство.

Политичарите и црковните лица, од друга страна пак стануваат се погласни во јавното обраќање до младите луѓе да формираат многудетни семејства. При тоа забораваат дека можеби не станува збор за себичност на младите луѓе туку за страв од незивесносната иднината и големата стапка на невработеност во земјава.