Зошто мажите и жените се разликуваат?

Вечната борба меѓу половите зазема големо место на полето на љубовта, пријателството, работа.

Машкото срце за една третина е поголемо од женското и чука побрзо. Жените порано добиваат брчки, бидејќи нивната кожа е потенка и лесно губат колаген. Мажите побрзо согоруваат калории, поради тоа што имаат повеќе мускулна маса. Но, женскиот имунитет е посилен од машкиот, па поефикасно се борат со вируси и инфекции. Мажите имаат поголем нос од жените, бидејќи им е потребен повеќе кислород, а жените се поеластични.

Кога станува збор за биологијата, листата на разлики е навистина долга. Меѓутоа, сите можеме да се сложиме дека најчесто физичките разлики не се проблем во меѓучовечките односи. Тоа што влијае се разликите во ставовите, навиките, потребите, начинот на комуникација, реакцијата на светот околу нас.

Колку пати можеме да слушнеме дека мажите се од Марс, а жените од Венера? Ова е всушност тврдењето на авторот Џон Греј, кој во истоимената книга истакнува дека мажите и жените се разликуваат по внатрешниот склоп, па за тоа користат различни зборови и логика, и така не можат да се разберат.

Без прифаќањето на фактот дека мажите и жените сепак по својата природа се различни, тие секогаш ќе бидат во конфликт. Често стануваме лути на спротивниот пол, заборавајќи го тоа. Очекуваме дека другата страна треба да реагира како нас. Многу често веруваме дека нашиот партнер не сака ако ги прави истите нешта што ги правиме и ние.

Психолозите често истакнуваат дека жените ги паметат датумите – родендени, годишници, важни денови. Од друга страна пак, мажите едвај ги паметат најважните денови и години, но тоа не значи дека ним тие не им значат. Овие теми и слични на нив, често отвораат простор за кавга, бидејќи на жените порано или подоцна почнува да им пречи што нивниот партнер заборава на тие работи.

Исто така, колку проблеми произлегуваат од тоа како мажите и жените се справуваат со тешките животни моменти. Кога минуваат низ тешкотии, мажите често имаат потреба да бидат сами и во тишина да размислуваат. Ним ги оптеретуваат блиските и пријателите и се повлекуваат во себе. Жените пак, сакаат отворено да разговараат со некого, бидејќи сметаат дека на тој начин полесно ќе ги надминат своите проблеми.

Истражувањето спроведено во Австралија покажува дека мажите и жените се разликуваат и по интензитетот и жарот со кој влегуваат во расправии. Резултатите од ова истражување покажале дека голем дел од врските пропаднале бидејќи девојките не можеле да бидат со момци кои во секоја кавга се обидувале да бидат во право, а мажите пак немале сила да ги слушаат гласните и драматични обвинуваања. Разликите се очигледни и во однос на аргументите кои се користат во кавгите. Жените паметат подобро и често зборуваат за минати настани.