Зошто луѓето кои простуваат се посреќни од другите?

Велат дека  чувањето бес во себе е како да испиеме отров и да очекуваме другата личност на која сме и лути да се отруе од него. Луѓето кои простуваат водат поедноставен живот и спијат подобро, бидејќи со простувањето тие не носат бес во себе, туку лошите нешта ги оставаат во минатото во моментот кога ќе простат некому.

Зошто луѓето кои простуваат се посреќни од другите?

Бесот можеби прави да се чувствуваме добро во моментот, но простувањето нѐ ослободува.

Бидејќи ништо не ни одзема толку многу енергија како бесот и токсичните мисли кон друга личност.

Бидејќи со простувањето истовремено учиме никогаш да не се однесуваме на начинот на кој се однесувала таа личност. Учиме колку можеме да вознемириме некого, колку лошото однесување може да боли.

Бидејќи чувањето на бесот носи проблем само за самите нас, но не и на другата личност.

Бидејќи простувањето ни помага да изградиме емпатија, која е еден од најголемите квалитети кои една личност може да ги поседува.

Бидејќи без простувањето никогаш немаме целосна контрола над својот живот.

Бидејќи простувањето го намалува ризикот од депресија, анксиозност и срцев удар.

Бидејќи простувањето нѐ потсетува дека и ние самите сме повредиле друга личност во минатото.

Бидејќи ги подобрува врските и односите со другите луѓе.

Бидејќи, во одредени моменти ќе мораме да научиме да си простиме и себеси за некои нешта.