Зошто луѓето кои чуваат мачки се попаметни од оние кои чуваат кучиња?

 

Голем број од нас не можат да поверуваат дека на земјава има луѓе кои не сакаат мачки, иако и лично познаваме такви. Мачките се прекрасни животни, полни се со љубов и се супер забавни. Оние кои чуваат мачки можат да потврдат дека и тие имаат смисла за хумор како луѓето, а не ретко се идентификуваат со сопственикот.

Еве неколку причини кои научниците ги издвојуваат за „мачкарите“ како попаметни за разлика од оние што чуваат кучиња:

Попаметни се

Една американска студија на универзитет во Висконсин покажала дека резултатот на тестот за интелигенција кај сопствениците на мачки е повисок отколку кај сопствениците на кучиња.

Почувствителни се

Чувањето и грижата околу мачката и сите непроспиени ноќи за неа секогаш се исплатат затоа што таа враќа во иста мера – негува и има исцелувачка моќ.

Поотворени се

Сопствениците на мачки можат да видат надвор од кругот. На почетокот можат да бидат малку исплашени, но вистинскиот љубител на мачки може да го извади забавниот и дружељубивиот дел надвор од себе. 

Независни се

Љубителите на мачки попрво ќе маршираат по ритамот на својот тапанар, отколку да се вклопуваат со оние околу нив. Тие се свои и независни.

Одлични се во решавање мистерии

Овие луѓе решавајќи ги мистериите околу својата мачка (зошто не јаде, зошто зошто не го користи нејзиното вц, зошто гребе по мебелот..) учат како да решаваат и нивни мистерии и проблематични ситуации. 

Интровертни се

Сопствениците на кучиња мораат да одат надвор секој ден. Сопствениците на мачки не мораат и тие се сосема среќни со тоа што ќе останат дома и ќе можат да гледаат телевизија или да прочитаат нешто.

Трпеливи се

Кога си има човек работа со мачки мора да е трпелив. Мачките можат да почувствуваат кога сакате да им направите нешто непријатно за нив (како одење на ветеринар) и тогаш знаат да се скријат и да ви го тестираат трпението.

На крајот, не е важно дали имате мачка, куче или друг миленик. Покажувањето љубов кон друго живо суштество е многу добра работа која позитивно се одразува и на човекот. Здравствените придобивки за сите сопственици на животни се големи. Грижата околу нив, чувањето, шетањето, играта можат да го намалат крвниот притисок и да ослободат од стрес.