Зошто луѓето денес се разведуваат, дури и кога се сакаат?

Заљубувањето и заедничкиот живот делуваат како едноставен концепт. Во тоа успевале нашите дедовци и баби, нашите мајки и татковци. Зошто тогаш браковите на новите генерации како по правило завршуваат со развод дури и кога постои искрена љубов?

Завртете се околу себе. Колку луѓе познавате кои веќе се развеле или останале во лош брак од различни причини? Нашата генерација не е подготвена да одржи брак, а еве и зошто:

Нема секс

Дури и оние кои обожаваат секс се жалат дека многу малку секс имаат во брак. Постои причина зошто некој го измислил изразот „водење љубов“. Сексот треба да биде составен дел од љубовниот однос. Затоа воопшто не е охрабрувачки фактот дека младите луѓе кои живеат заедно се почесто го прескокнуваат тој дел.

Сите сакаат физички контакт, па затоа како е можно да се елиминира сексот и да се има среќен брак? Паровите масовно се имаат огранчено да имаат секс еднаш во неделата или кога се добри денови за забременување. На тој начин, сексот станува задача. Веќе не го гледаме партнерот замислувајќи како ќе му ја скинеме облеката. Зарем не ве плаши тоа?

Пари, пари, пари

Пред неколку години, студирањето и земање стан под кирија чинеа многу помалку отколку денес. Сега ви е потребна работа со која ќе отплаќате студентски долгови, стан, сметки, па ако уште имате и дете, пресметката е страшна. Тешко е да се пронајде работа која обезбедува достоинствен жвот, особено ако сте помлади од 30 години. Овие тензии допринесуваат кон разделбите. Не живеете со полни гради, премногу сте загрижени за трошоците за да уживате во младоста.

Збогум вечерни излегувања, сметките мора да се платат. Подароците често ги нема затоа што треба да се плати рата од кредит.  Одмор? За тоа ќе се прашаме. Се обидуваме да живееме како нашите родители, но живееме во ера во која се давиме во долгови. Можеби успеваме, но тоа носи многу тешкотии. Тоа што не можеме да живееме како што сакаме, влијае на нашите односи. Стануваме набљудувачи на туѓите животи.

Поврзани како никогаш претходно, а сепак отуѓени

Признајте, последниот пат кога зборувавте со личност којашто ви е драга, воопшто не го ни слушавте нејзиниот глас. Можете да бидете на работа, во теретана, со децата, можеби и во истата просторија. Им кажавте дома дека ќе одите на ручек со пријатели преку порака. Баравте дневна соба преку Пинтерест.  Во сите овие работи нема физички контакт. Сепак, успеваме да се изнервираме и налутиме поради порака која другата страна ја примила и ги обвинуваме дека се бесни или лути, а во суштина поим немаме како се чувствуваат. И на крај ќе се скараме за тоа.

Сакате да знаете како успеале вашите баби и дедовци да прослават 60 години од бракот? Не седеле на Инстаграм за да видат што Петар јадел за вечера или какво вино пиела Ивана. Не седеле на Фејсбук за да критикуваат други луѓе. Не оделе на одмор за да се чекираат и за да се тагнат на слика.

Биле зафатени со љубов и почитувања, разговори за време на вечерата, шетале фатени под рака, без мобилни телефони. Имале соништа кои заеднички ги остварувале.

Нашата потреба за внимание ја надминува потребата за љубов

Социјалните мрежи ни дадоа прилика за да станеме познати. Само едно селфи ве дели од статус на популарна личност. Објавувате слика и мноштво луѓе ќе ви ја лајкуваат. Облечете малку попровокативна облека и ете ви дожд од лајкови.

Сепак, станува збор за многу повеќе од тоа. На другите им продавате слика дека сте успешни, едноставно затоа што ви се може. Лајковите и коментарите се форма на признание од другите луѓе.

Доколку навистина сакате да сакате некого, престанете да барате внимание од мноштво луѓе, затоа што така никогаш нема да бидете задоволни со вниманието на една личност. Не можете да сакате ако постојано мислите што другите мислат за вас. Објавувањето на слики, споредувањето, одмерувањето.... се тоа е навистина неважно.

Социјалните медиуми поканија илјадници луѓе во нашата интима

Се откажавме од приватноста. Повеќе нема ништо интимно. Се е распослано низ интернетот. Ако одиме нешто или ако правиме нешто, одма го објавуваме тоа. Наместо да уживаме во моментот, се губиме во сајбер просторот обидувајќи се да напишеме добар статус или да најдеме совршен филтер за сликата.

Нема ништо лош во споделувањето по некој приватен момент, сите го правиме тоа. Меѓутоа, постои ли граница. Во кој момент сето тоа станува претерано?

Во нашите куќи поканивме потполни странци, ги пуштивме да живеат во нашите станови. Им ја покажавме нашата гардероба, ги пуштивме да влезат во нашиот автомобил и им овозможивме до детали да го проучат нашиот костум за капење.

Кога во бракот наместо двајца луѓе ќе влезат стотина, исходот не може да е добар. Тие работи сепак зависат од нас. Насочете ги во ваша корист.