Зошто кучињата се толку важни во нашите животи?

Многумина кои имаат куче ќе се согласат дека  кучињата се едно од најдобрите нешта во нивниот живот, поради среќата која им ја носат. Приврзаноста со кучињата е неверојатна, бидејќи во нив имаме пријател, но и милениче кое нè сака највеќе на светот.

Зошто кучињата се нашите најдобри пријатели?

Понекогаш сме поблиски со нив отколку со некои членови од семејството

Според истражувањето во 1988 година, објавено во Journal of Mental Health Counseling покажало дека кога од сопствениците на кучиња било побарано да направат семејно дрво, тие го поставиле своето куче на многу важно место, односно многу блиску до нивните најблиски членови на семејството. Во 38% од  случаите, тие истакнувале дека за нив кучето е најважно во животот.

Светот на кучињата се врти околу нас и нашата среќа

Животите на кучињата не се исполнети со многу задачи и обврски. Напротив, нивната среќа е поврзана само со нас и сè во нивниот живот се врти околу нашата среќа. Тие ќе направат сè за да бидеме среќни.

Ни помагаат да го подобриме расположението

Нема поубаво чувство од тоа да се вратиме дома и да бидеме пречекани од нашето милениче кое задоволно мафта со опавчето. Тие можат да го намалат нашиот стрес и да го подобрат нашето расположение за еден миг.

Тие ги почитуваат сите наши напори, дури и најмали

На крајот на денот, тие се задоволни од сите нешта кои ги правиме за нив. Тие се среќни и за најмалиот напор кој го правиме за нив, и секогаш го ценат тоа.

Тие се лојални

Не постои поголема лојалност од лојалноста на нашето куче-миленик.