Дел од луѓето сметаат дека јогата е всушност обично истегнување на телото.
Photo by kike vega on Unsplash
Но, едно ново истражување покажува дека јогата нуди многу повеќе придобивки од обичното истегнување. Оваа студија опфатила 60 испитаници со проблеми со висок крвен притисок и бавен метаболизам, кои биле поделени во две групи. Нивната задача била да вежбаат аеробик пет пати неделно, со тоа што една група во својата рутина додала и 15 минути јога, а втората 15 минути истегнување на телото.
По три месеци било утврдено дека и двете групи имале намален крвен притисок како и срцебиење. Но, групата која вежбала јога има значително поголем прогрес од онаа група која практикувала истегнување.
Што значат овие резултати?
Истегнувањето е одлично и тоа е супер рутина за секоја личност, но кога станува збор за јогата, фокусот на умот, како и поврзаноста меѓу умот и телото се клучниот фактор кој јогата ја прави подобра за нашето здравје и благосостојба. Лидерите на истражувањето посочуваат дека бенефитите во голема мера зависат од возраста и здравствената состојба на секоја личност, но барем 15 минути јога активност дневно е доволно за да се ослободиме од стресот, да го подобриме расположението и да придонесеме за подобро здравје.
Ако барате повеќе инспирација, треба да знаете дека освен тоа што е одлична за кардиоваскуларното здравје, јогата е одлична и за здравјето на коските и зглобовите, што е уште една придобивка која можете да ја додадете на листата.