Зошто губиме интерес за луѓето кои покажуваат интерес за нас?

Дали некогаш сте се запрашале зошто секогаш посакувате работи кои ви се чинат недостижни?

Можеби некогаш сте доживеале чувство дека секогаш работите се подобри на некое друго место, но можеби никогаш не сте размислиле зошто секогаш трчате по недостижни нешта и луѓе. Но, не сте сами. Човековата природа е таква што секогаш го посакува она што мисли дека не може да го има, а еве и зошто!

Ние всушност секогаш посакуваме работи кои мислиме дека се „предобри“ за нас. Во речиси секој романтични филм, дејството се врти околу ликови кои ги привлекуваат луѓе кои се надвор од нивниот досег. И тоа има многу врска со нас, кои веруваме дека љубовта и привлечноста се исто што и фасцинација со некоја личност.  

Тоа е причината поради која луѓето се наклонети да покажуваат незаинтересираност за оние кои се неверојатно заинтересирани за нив. Научени сме да се ги поврзуваме возбудливите успеси и обесхрабрувачките неуспеси кои ги доживуваме додека трчаме за нечија наклонетост, со тоа дека имаме нешто за кое вреди човек да се бори. Поради тоа имаме потреба да веруваме дека постои нешто такво што е вредно за борба. 

Зошто тогаш не сме заинтересирани за луѓе кои ја гледаат таа подобра страна во нас. Одговорот лежи во длабочината на нашето битие. Некаде длабоко во нас постои дел кој верува дека не вредиме доволно за да бидеме сакани. Таа несигурност прави да се цениме себеси помалку. Кога личност сака нешто помалку вредно, ние природно на таа личност ѝ даваме помала вредност. Природениот тек на мислите води кон заклучокот дека „нешто сигурно не е во ред со него/неа, штом му/ѝ се допаѓа некој како јас.“ Не живееме удобно со овие мисли. Живееме удобно во бркањето и трчањето по некој или во отфрлувањео на некој кому му го кршиме срцето. Тука се чувствуваме удобно. Од некоја причина попрво би прифатиле отфрлување отколку да прифатиме љубов. 

Како што гледаме главната причина за природната наклонетост да „бегаме“ од оние кои се заинтересирани за нас се нашите несигурности околу тоа колку вредиме за да бидеме сакани.

Уште поголемо прашање: Кога ќе го сфатиме тоа, како можеме да го искористиме за да ги поправиме нашите животи и нашата среќа? Колку од нас ќе почнат да им даваат повеќе шанси на среќата, наместо на одбивањата?

Колку од нас ќе ја надминат несигурноста за да ѝ дадат шанса на среќата?

Егото е тешко за совладување, но ако успееме, се отвораме себеси кон многу можности и најважно од сè кон среќа и љубов.