Зошто ги сонуваме нашите поранешни партнери?

Некои луѓе сонуваат често, но ако во соништата се јавуваат личности кои би сакале да ги заборавиме, сосема нормално е да се прашуваме која е причината зошто тие се појавуваат.

Ова се неколку причини зошто е тоа така. 

Имате чувства за нив

Пред да почнете да си се објаснувате себеси во однос на ова, треба да знаете дека чувствата не мора да се љубовни и романтични. Според експертот за врски Тери Орбух, тоа може да значи дека ви е потребно да завршите некои работи со таа личност. Можеби е нејасно како работите завршиле меѓу вас или пак имате нешто што сакате да им го кажете.

Се плашите од новата врска

Можно е да сонувате поранешен партнер особено ако почнувате врска со нова личност. Тоа веројатно значи дека во вашата потсвест ги споредувате овие две личности, со надеж дека работите ќе успеат овој пат. 

Се плашите дека повторно ќе бидете повредени

За многу луѓе, постои страв дека повторно ќе бидат повредени. Ако сте една од тие личности, тогаш сонувањето за некоја личност која ве повредила е сосема нормално поради таквиот страв. Дури и да немате никакви чувства за таа личност, дури и да сакате да продолжите понатаму со нова личност, ако го имате стравот да не бидете повредени, нивното појавување во соништата е сосема нормално. 

Се обидувате да простите

Уште една причина за соништата е тоа дека се обидувате да најдете сила во себеси да им простите за тоа што го направиле. Веројатно сакате да најдете мир или пак да бидете на чисто со таа личност. Веројатно ваквите соништа ќе престанат штом им простите и продолжите напред.

Нешто ви создава несреќа

Според Dreammoods , постои нешто во вашиот живот што ви создава непријатност, лошо чувство или пак ве прави несреќни. Ако ја сонувате личноста од минатото постојано, можеби треба да размислите дали постои некој аспект од вашиот живот каде се чувствувате неисполнето или несреќно.