Зошто ги осудуваме жените кои сакаат помлади мажи?

Зошто луѓето толку се ужаснуваат од жените кои сакаат помлади мажи? Многумина мислат дека таквите врски се погрешни, перверзни или дека едноставно немаат иднина. Постојано читаме како некој критикувал некоја жена затоа што одбрала маж помлад од неа и дека тоа е срамно. Постојано излегуваат текстови кои им објаснуваат на мажите како да се „снајдат“ во врска со постара жена и секогаш се наведуваат причини ЗА и ПРОТИВ забавување со постари жени.

Изгледа дека некои луѓе не можат да сфатат дека некои мажи едноставно се заљубуваат во постари жени, исто како што многу често мажите се заљубуваат во помлади жени. Се осудува секоја жена која сака помлади мажи. Сигурно се сеќавате околку прашината која се крена околу сопругата на францускиот претседател Макрон, која е 25 години постара од него, а никој не крена прашина околу разликата меѓу Доналд Трамп и Меланија, која е речиси идентична како онаа на Макрон и неговата сопруга, само разликата е во тоа што во случајот на Макрон, жената е таа која е постара.

Навистина не е во ред да се однесуваме кон жените како изопачени и перверзни само затоа што сакаат помлади мажи, но тоа е нешто што сѐ уште се случува. Кога постар маж има многу помлада девојка, тоа е океј, но кога е обратно, тоа не чини. Живееме во општество каде многу луѓе на социјални мрежи пишуваат зборови полни со поддршка и се претставуваат како многу слободоумни, но во реалноста воопшто не стојат зад тие зборови. Премногу се зафатени околу размислување за тоа што видел Макрон во сопругата!

Зарем не мислите дека тоа се двојни стандарди?

Пред да вперите со прстот кон таа жена, размислете малку. Годините воопшто не се мерило за нечиј став кон животот. Една од поубавите работи во 21 век е толерантноста на општествата. Зошто тогаш да се фаќаме за разликата во години? Ако мажите можат без проблем да се забавуваат со помлади девојки, зошто тогаш би било погрешно за жените да бидат во врска или брак со помлади мажи?