Зошто е забрането смеење на фотографиите за пасош и лична карта?

Сите нови пасоши во себе содржат чип во кој се сместени биометриски информации за вас кои се извадени од сликата, и тоа е главната причина зошто на сликата за овој документ не смеете да се смеете или носете наочари.

Имено, таа сликата ги скенира сите клучни карактеристики на вашето лице, како што е распонот меѓу очите, од врвот на носот до брадата,се користат за генерализирање на таканаречена матеметичка мапа.

Се што ги нарушува или крие тие мерки – како што е носење наочари за сонце или широка насмевка – ја намалува ефикасноста на користениот алгоритам, е нешто како што е фотографија надвор од фокусот.

Кога доаѓате на аеродром вие поминувате прку е-врата (електронска врата) тогаш гледате во камера која ви го скенира лицето.

Во тој момент компјутерот решава дали математичката мапа генерирана на било кој аеродром во светот се совпаѓа со онаа на вашиот биометриски пасош.