Секој кој има личност Риби во неговиот живот ќе се сложи дека не е секогаш лесно да ги разбереме родените во овој знак. Често не знаеме каде се со мислите  и посакуваме да занеме што се случува во нивната глава. Тешко е да ги прочитаме, а камоли разбереме.

Рибите се последен знак во хороскопот. Со оглед на тоа, нивниот карактер претставува спој на сите останати знаци во хороскопот. Тоа значи дека Рибите постојано се во борба со нивните чувства, а таквата борба тешко може да биде разбрана од другите.

Рибите се многу неодлучни личности, дури и кога станува збор за најобичните одлуки кои тееба да ги донесат. Од друга страна пак, секогаш се подготвени за авантури и што и да предложите ќе биде прифатено од нивна страна, но не чекајте на нив да одлучат и преземат иницијатива бидејќи нема да го направат тоа.

Рибите многу размислуваат за своите постапки. Често знаат да бидат импусливни, но најголем дел од времето тие размислуваат подолго пред да направат нешто.

Рибите постојано бараат нешто ново. Но, секогаш сакаат да имаат некој со кој ќе можат да го споделат тоа. Сакаат да се сложуваат со луѓето и подготвени се многу да направат за оние кои им значат. Дури и премногу. Но, не се трудете да ги заробувате, бидејќи ќе направите да побегнат од вас.

За многу луѓе, можеме да речеме дека нешто не е во ред ако седат подолго време сами во својата соба, но не и Рибите. Тие уживаат во тоа и за нив, на тој начин тоа е полнење на батериите.

Овие личности се многу посветени кон другите луѓе, па дури и оние кои не ги познаваат доволно. Ќе се случи да бидат премногу добри дури и кон оние луѓе кои штотуку ги сретнале. Се карактеризираат со силна емпатија, па често туѓите чувства ги ставаат пред своите.