Зошто е добро да пиете чај од хибискус?

Чајот од хибискус има специфична црвена боја и киселкаст вкус, а за оние кои го пијат, носи многу здравствени поволности. 

Всушност, има многу бенефити за вас, без разлика дали го пиете ладен или топол:

1. Содржи полифеноли, кои го штитат вашиот кардиоваскуларен систем, се борат против слободните радикали и против воспалителните процеси во телото. 

2. Го намалува притисокот благодарение на истите полифеноли. 

3. Придонесува за здраво слабеење, поради тоа што го забрзува метаболизмот и ги раздвижува цревата, па вие на лесен начин ја преработувате храната и не дозволувате мастите да се „лепат“ на стомакот и бутините. 

4. Ве штити од болести, заота што секојдневниот внес на чај од хибискус ќе ви помогне подобро да се заштитите од настинки и вирусни заболувања. Дури и кога сте болни, ви помага побрзо да оздравите.

5. Го контролира холестеролот бидејќи чајот од хибискус ги намалува липидите, односно мастите во телото, а со тоа помага и да се одржува здраво ниво на холестерол во телото.