“Зошто бе брат не ги носиш и годинава децата на одмор – само за куќа си се залепил...”

Некој штеди цела година за да оди на летен одмор. Некој тоа може да си го дозволи од последната плата, а некој зема кредит и летниот одмор го плаќа на рати.

Многу македонски смејства сметаат дека летниот одмор е задолжителен, па затоа по секоја цена се спрени, да за да одморат и да уживаат на некоја од плажите, дали во државата или во соседството.

Некои сметаат дека одморт е луксуз, па си го дозволуваат тоа, само кога ќе се во можност, но има и семејства кои никогаш немаат отидено на одмор.

“Зошто бе брат не ги носиш и годинава деца на одмор – си се залепил за куќата. Само правиш и доправуваш нешто. Кога и да дојдам кај тебе, цело време нешто ново доградуваш. Како ти се работи, како ти се даваат пари постојано за куќа. Јас за се ќе дадам пари, ама ужасно ми е тешко кога ќе треба да извадам некој денар за џебот за куќата. Такво е како што е, уште татко ми, како ја направил куќата. Ќе издржи уште. Моравме годинава да го менуваме кровот, ни протече зимава, ама ќе почека. Ќе одиме во Турција на одмор, таму сакаа сопругата и ќерките. Ќе се потрошам, нема да имам и за кров. Дрва за огрев нема да купуваме. Ќе се гребам од моите. Гледам ти си купил веќе. Не си нормален, само што заврши зимата, ти веднаш на тоа мислиш. Да не почна и зимница да спремаш...”

-Ете така можам. Домот се прави се доградува кога децата се мали. Татко ми, ми остави само две соби. Купатило имав надвор. Денеска јас сум фамилијарен човек. Имам сопруга и две деца. Едното има пет, другото седум. Си сакаат своја соба. Потребно ни е купатило внатре. Дневната соба веќе ни е тесна. Имам еден кревет. Морам да купам нешто поголемо. На децата почнаа дома да им доаѓаат другарчиња. Нема каде да си седат да си се играат. Почнаа да си бараат свои соби. Ги разбирам. Дрва морам да купам. Ако не купам сега, во сепетември немам шанси. Тогаш започнува учебната година. Пари треба за децата. И да, нема да одиме на одмор, така му реков. Сакаме и ние. Ама здравје, наредните години. Мене не ми тече во зима од кровот. Јас не се гребам за дрва. Јас не сум должен на банките за да одам на одмор...