Зошто бананата за појадок не е добра идеја?

Причина за тоа е високото ниво на шеќер кој за бананата изнесува 25 отсто. Благодарение на комбинацијата со умерено ниво на киселост таа предизвикува брзо зголемување на нивото на шеќер кое паѓа наутро.

Според експертите, бананата не е добар избор за појадок и може целосно да ја расипе вашата навика за здрава исхрана. Нутриционистот др. Дарил Гиофре вели дека бананата има добра репутација поради високото ниво на калиум, влакна и магнезиум, но дека не е добар избор за појадок. 

Причина за тоа е високото ниво на шеќер кој за бананата изнесува 25 отсто. Благодарение на комбинацијата со умерено ниво на киселост таа предизвикува брзо зголемување на нивото на шеќер кое паѓа наутро.

„Бананите брзо го зголемуваат нивото на шеќерот, но наскоро ќе се чуствувате уморни и гладни” - изјави Гиофре.

Освен тоа, бананите не се добри ни за одржување на здрав систем за варење. „Внесувањето на шеќер во која било форма доведува до процес на ферментација, исто како што е случај со пивото и виното, а потоа во организмот се создаваат киселини и алкохол. Тоа го затнува системот за варњење” - додава нутриционистот.

Но тоа не значи дека не треба да јадеме банани, само мора да се комбинираат со нешто друго.

„Ако бананите не ги комбинирате со здрави масти, нејзините корисни особини се губат, а нивото на шеќерот и киселините се зголемува” - истакна др. Гиофре.

Тој препорачува комбинирање на банани со нешто што ќе ја неутрализираат киселината и ќе го забават користењето на шеќери и така ќе спречат брзо зголемување на нивото на шеќери и негов нагол пад. Можат да се користи путер од кикирики, зачини и билки.

Ако јадете банана за појадок, изедете уште нешто за да имате доволно енергија до ручекот.