Зошто апетитот некогаш не ви се намалува, дури и после богат оброк?

Целта на јадењето е да не бидеме гладни, но некогаш се чини дека можеме да изедеме уште еден цел оброк откако сме завршиле со јадење. Но, иако во моментот количината ќе ве засити, за кратко ќе сфатите дека сте се прејале, а тоа повлекува низа други проблеми. 

Ситоста не секогаш зависи од тоа колку калории сте изеле

Односно, зависи од тоа со која брзина вашето тело почнува да ја процесира храната и колку долго трае варењето. Храната која долго се вари, подолго нè држи сити. 

Храната со влакна, протеини и масти побрзо заситува

Освен што ни е потребна енергија, сакаме и да уживаме во вкусот на храната и со тоа да го задоволиме гладот. Празните калории лесно се трошат, нè полнат со масти и брзо огладнуваме. Затоа треба да јадеме храна со растителни влакна и здрави масти. 

Размислете дали сте биле изложени на стрес

Ако сте сигурни дека сте изеле доволна количина храна, богата со сите потребни нутритиенти, можно е да се работи за нешто друго. Размислете дали сте биле изложени на стрес во последно време. Стресот создава чувство на глад и потреба да јадете дури и кога не сте гладни, поради нарушувањето на метаболизмот кое го предизвикува. 

Или можеби, не сте јаделе доволно

Размислете на тоа колку сте изеле од утрото и каков ви бил распоредот на активностите. Таму може да лежи одговорот зошто оброкот не ви беше доволен.