Зошто?

Често се прашувам себеси: „Зошто?“

Зошто не се гледаме како браќа и сестри?
Зошто си нанесуваме болка?
Зошто толку многу мразиме?
Зошто толку малку сакаме?
Зошто го уништуваме овој свет?
Зошто постои зависта и љубомората?

Кажи ми, зошто?

Зошто бараме среќа во погрешни работи?
Зошто сме заглавени во материјалните работи кои на крај не се ни важни?
Тогаш кога твоите физички работи и целиот твој посед ќе исчезнат, работи кои не можеш да ги понесеш со себе на другата работа, тогаш, кажи ми зошто?
Зошто бегаме од својата душа, кога само таа е вечна.

Драг човеку, кажи ми зошто?

Зошто не се трудиш да сакаш?
Зошто не го негуваш богатството кое е во тебе?
Нашето најголемо богатство е љубовта.
Јас те сакам. И натаму.
Отсекогаш и засекогаш.

Само те прашувам, зошто?