Денеска сведочеше мајката на убиеното девојче Вања, Зорица Ѓорчевска. Таа кажа дека не ги познава обвинетите и дека не е скарана со Александар. Мајката на Вања ги опиша настаните од дента кога исчезна Вања.
„Двете девојчиња излегуваа во 7.20 на училиште, тој ден помалата ќерка остана дома бидејќи немаше прв час, Вања околу 7.20 се подготви и излезе на училиште. Јас излегов во 15 до осум за работа, телефонот ми беше во џеб, земав да го префрлам во ташна и видов порака од класната дека вања ја нема на прв час. Пораката беше пуштена во 7.43 јас сум ја видела во 7.45, таа рече не е дојдена. И свртев на Вања, не беше достапна и бидејќи на ГУгл Мапс ја следев локацијата видов дека покажува некаде кај Фитнес Хаус на Партизанска, ѝ се јавив на класната дека Вања ја нема. Не знаев што да правам и му се јавив на Александар.
По пат вртев повеќе пати, беше недостапна, кога стигнав кај зградата Александар излегуваше, јас реков ќе се јавам во полиција, околу 8 јас на 112 алармирав дека детето го нема. Со Александар со неговиот автомобил се упативме на местото каде последен пат покажува дека бил телефонот, јас излегов, викав Вања, Вања, имаше една напуштена куќа ја пребаравме немаше ништо во меѓувреме ми се јавија од МВР“, кажа Ѓорчевска.
Таа посочи дека поранешниот маж веќе ја чекал доле кога тргнале да ја бараат Вања. Зорица кажа дека тој ден воопшто не се расправала со Александар и дека двајца се обиделе да ја најдат. На предлог на нејзина колешка исчезнувањето го објавила на Фејсбук со надеж дека девојчето брзо ќе биде пронајдено.
„Една колешка ми предложи објави на Фејсбук, да помогне некој да ја најде, јас ги прашав полицајците, дали смеам да објавам, рекоа можете слободно ако мислите дека тоа ќе помогне. Јас објавив како е облечена, кога излегла и ако има некој информација да се јави“ сведочеше Ѓорчевска.
Потенцираше дека двете ќерки и оделе заедно на училиште но дека Вања знаела да задоцни, па понекогаш најпрво излегувала едната па веднаш по неа и другата ќерка. На денот кога исчезнала Вања сите дуќани кои имале камери го дале пристапот до своите уреди како и снимките од тоа утро.
„Моите роднини, колеги, секако дојде и полицијата и првиот ден се прегледуваа камерите што луѓето сами почнаа да нудат кај што имаат камери да одиме да видиме. Родителите од одделението на Вања и децата се понудија за помош, децата печатеа слики со флаери, имаше флаери со ликот на Вања низ цел Буњаковец. Родителите прегледуваа камери, колегите, роднините. Вања не ја забележавме на тие камери.
Обвинителот запраша ги прашувавте сопствениците на видео-камерите доброволно да ви овозможат да ги видите?
„Да, имаше таму менувачница, фризерница и кај песталоци има бурекџилница, тие камери се насоќени кон тротоарот, но ја немаше на ниедна камера, познати луѓе и од хотелот тука доброволно рекоа дојдете видете. Се јавуваа луѓе имам јас на куќата камера дојдете проверете, на Партизанска исто неколку фирми и продавници се понудија, на УСБ ни ги даваа да ги гледаме. Полицијата дојде со неколку снимки исто“ кажа Ѓорчевска.
Од обвинителството прашаа дали додека се прегледувале камерите било забележано нешто необично на што мајката кажа дека било забележано возило пред нивната зграда.
„Не знам кој ден беше имаше снимка на која се гледа возило кое стои баш во тој период 7.15-20 и надвор стои човек со телефон посматра, не, немаше возило стои сам, и после 5-6 мин застанува возило, тој влегува и заминута и теоријата беше дека ова е извидница гледаат дали има некој додека го грабаат детето, јас реков не е тоа ќерка на Кенеди некој да ја киднапира, што имаме ние некој да ни бара. Снимката од каде беше не знам“, рече Ѓорчевска.
Таа во сведочењето кажа дека Александар бил грижлив татко и дека се грижел за девојчињата. Тој повремено знаел да се скара но дека се поминувало многу брзо. Знаел да избувне на моменти но дека се поминувало многу брзо.
„Да, се има скарано и со Вања и со малата, но Вања некаде од второто полугодие 2023 се скара со мене, сакаше да оди таму и отиде живееше со татко и два месеци, не знам што се случило се скара и со татко и таму. Јас кажав да си го разеши проблемот со татко и, последниот пат кога се скара плачеше да одам да ја земам, не разговараше со него 2-3 месеци, Јас инсистирав, јави се, немој, не сакаше воопшто да разговара, па спласна лутината и се врати во нормала“, кажа Ѓорчевска.
Од обинителството ја прашаа и за денот кога ја известиле за смртта на Вања.
Во недела, трети декемви, ме повикаа во полициска станица со Александар. Отидовме заедно, не одвоија, ми кажаа дека е пронајдена мртва… Ме однесоа да ја идентификувам“, рече Ѓорчевска.