Зоран Заев повторно се кандидира за лидер на СДСМ

Актуелниот претседател на СДСМ и премиер на Македонија, се кандидира за трет мандат на чело на владејачката партија. Засега тој е прв кандидат кој својата кандидатура јавно ја соопшти. 

На првите непосредни внатрепартиски избори за претседател на партијата, закажани за 21 март, Заев, како што најави, ќе им ја претстави на сопартијците својата програма насловена „Нова политика – СДСМ прв во промените“.

Од 2013 до денес тој двапати е избран за партиски лидер, а пред да го добие првиот мандат беше в.д. претседател на партијата. Првиот мандат го доби во трка со уште двајца претставници на партијата, додека при реизборот тој немаше конкуренција. 

Досега ниеден друг член, ниту вршител на функција во партијата не обелоденил дали ќе се кандидира за претседател на СДСМ.