Зоран Заев: Да живее Република Северна Македонија!

Објаснувајќи го процесот на промена на името и заблагодарувајќи му се на народот за товарот што го носел за промена на името, Премиерот на Република Македонија денес својата прес конференција ја заврши со пораката: Да живее Северна Македонија. 

Тој во обраќањето пред медиумите испрати порака дека Македонија мора да оди напред и реформите мора да продолжат. 

На новинарско прашање поврзано со барањето на опозицијата за предвремени избори, Заев одговори дека на највисоките партиски органи во СДСМ ќе се разгледа прашањето за одржување на предвремени парламентарни избори.