Зоолошката градина со донација за Домот за деца без родители „11 Октомври"

Зоолошката градина Скопје донираше прочистувачи на воздух за штитениците од Домот за деца без родители „11 Октомври".

-Зоо Скопје како општествено одговорна институција на домот за деца без родители „11 Октомври" донираше прочистувачи на воздух. Дружбата и соработката со овие дечиња, како и со директорката на домот, Соња Стамевска продолжува и понатаму. Ветивме дека нашата институција ќе помага на сите деца. Ние сакаме децата да растат здраво и да се едуцираат. Зоолошката ќе биде секогаш

отворена за нив, изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

Целта на донацијата, како што наведуваат од ЗОО е да ги поттикнат и другите институции да помагаат и донираат секаде каде можат.