Зоолошката градина побогата за уште шест нови пингвини

Шест пингвини, три мажјаци и три женки, пристигнаа во ЗОО Скопје од Русија. Со ова, животинскиот фонд на Зоолошката градина станува значајно побогат. 

Зоолошката градина наскоро ќе ни ги соопшти нивните имиња и сите останати детали. 

Пингвинчињата во моментов се во фаза на адаптација на условите на градината. 

„Пингвините се добро и супер се адаптираат. После пристигнувањето на скопскиот аеродром, веднаш се препуштија на уживање во внатрешниот базен, а по краткиот карантин, ќе го отвориме и надворешното живеалиште“, се вели во објавата на ЗОО Скопје.