„Зоки Поки“ не е веќе една од задолжителните лектири за второ одделение. По многу години листата на лектирите за основно образование е изменета од Бирото за развој на образованието.

Ова листа содржи наслови на задолжителни и изборни лектири, за учениците од второ до деветто одделение. Професорите се незадоволни поради тоа што, како што велат, никаде не се спомнува нивниот петгодишен труд, за истражување и изработка на листата.

„Ние тогаш се ангажиравме да изработиме список на лектири кои ќе бидат задолжителни и изборни за основното образование. По завршувањето на овие изработки, кои траеја некое време, следуваше молк, негрижа и не знаеме што се случи. И излегува дека по пет години таа листа се објавува од Министерството за образование“, истакна универзитетскиот професор Љуљзим Алиу.

Професорот Нехас Сопај, вели дека се чувствува се чувствува изневерено поради тоа што неговото име никаде не се спомнува. Тој вели дека е апсурден е фактот што се тргнати од листата некои лектири за кои во истражување поминал долг период и кои според него би требало да бидат дел од задолжителните лектири.

„Недостатокот е во тоа што го велам, дека направиле измени без да не прашат нас како комисија. Јас не го одлучив тоа сам, тоа беше работа на комисиите од неколку институции, и сите дадовме мислења. На пример како може да се тргне „Љум Љуми“ од Али Подримја, која што беше меѓу првите“, порача Сопај.

Од Биро за развој на образованието, кои се одговорни за објавената листа лектири, велат дека е оправдано формирањето на новата комисија.

Оваа листа според Бирото за развој на образованието, е направена со цел да се зголеми интересот на учениците за читање. Измени ќе има и во лектирите за средните училишта иако не е направена никаква ревизија.