Знамето на НАТО подигнато на јарболот пред Владата

Со интонирање на химната на НАТО, знамето на Алијансата беше подигнато на јарболот веднаш до државното знаме.

Од денеска знамето на НАТО се вее пред зградата на македонската Влада, покрај државното, со што симболично се означува започнатиот процес на зачленување во најмоќната Алијанса во светот.

На свеченоста присуствува дипломатскиот кор, воените аташеа на земјите членки на НАТО, пратениците и сите претставници на Владата. Свеченоста започна со интонирање на македонската химна од страна на воениот оркестар. Потоа Зоран Јанковиќ, шефот на НАТО канцеларијата за врски во Скопје му го предаде НАТО знамето на премиерот Заев, кој пак го предаде на АРМ.