Знам што значи да се сакаш себеси: Јас верувам во она што го имам во срцето...

Знам што значи да се сакаш себеси. Тоа значи дека наутро се будам без да размислувам дека на светот постојат посреќни, поубави, попаметни, помудри и подобри од мене. Тоа значи дека се гледам во огледало и не сакам да тргнам поглед од својот одраз. Верувам во тој одраз. Воопшто не е важно дали сум нашминкана или не сум, не е важно во вакво расположение сум... Напросто верувам во она што го имам во срцето.

Знам што значи да се сакаш себеси. Не чекам веќе да се случат некои настани, состаноци, родендени, прослави, викенди. Не чекам љубов и внимание. Си дозволувам себеси да бидам среќна, денес и токму сега, во овој миг! Ги гледам минувачите директно во очи, не го спуштам погледот и главата. Знам дека светот околу мене е прекрасен, како што и секогаш бил. 

Знам што значи да се сакаш себеси. Се радувам на успехот на блиските, подалечните, оние што си заминале и оние што останале. Се радувам што живеат, дишат, создаваат и успеваат. Затоа што нивниот успех ни најмалку не го намалува овој оган во мене. Поради нивниот успех јас не сум помала, не сум помалку сакана и заштитена. Затоа што во мене постои длабочина во која има место и за нивните успеси. Способна сум да бидам дел од нивната радост и да сакам нивниот успех да биде радост и на целиот свет. 

Знам што значи да се сакаш себеси. Повеќе не се жалам на животните неволји. Ги сакам дури и проблемите. Ја дочекувам секоја препрека со насмевка и смисла за хумор, сфаќајќи дека од нив доаѓа силата и трпението. Ја обожавам земјата, градот и улицата на која живеам. Го обожавам погледот од прозорецот, минувачите. Дури и депресивните погледи. Затоа што и тие, како и јас, еден ден сигурно ќе научат што значи да се сакаш себеси.