Знак за надеж: Фотографија на доктор и штотуку родено бебе праќа силна порака

 

Доктор од Дубаи ги освои симпатиите ширум светот и пренесе позитивна енергија со моќна фотографија на која штотуку родено бебе му ја трга медицинската заштитна маска. Фотографија на инстаграм достигна повеќе од 12 илјади лајкови. 

Докторот Шуаиб на социјалните мрежи ја споделил фотографијата со наслов: Сите ние сакаме знак дека наскоро ќе може да ги тргнеме маските. 

Зборувајќи за медиумите тој изјавил дека фотографијата е направена при раѓањето на близнаци со помош на царски рез. Го задржав бебето за да може таткото да го фотографи и во тој момент тоа ја повлече мојата маска, изјавил тој. 

Докторот додал дека фотографијата била добро примена од многу луѓе и тоа е причината за нејзината голема популарност. Сите ние сакаме што побрзо да се вратиме во старите времиња, а невиноста и чистоста на ова мало детенце говори дека наскоро ќе се случи тоа, додал тој во својата изјавата. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Dr Samer Cheaib د سامر شعيب (@dr.samercheaib) on