Знаете ли која е најефтината и најздрава намирница?

Ги има во изобилие а можете да ги јадете сами за себе, како салата, во сендвичи или пак да ги додавате во разни други салати...Зборуваме за ротквиците.

Ги имаме во изобилие на пазарите а една китка чини само 10 денари. Има ли нешто поефтино, а толку едноставно и здраво за јадење? Ротквиците се еден од најхранливите видови на коренест зеленчук. Му припаѓаат на семејството на зелјести растенија, а во кинеската култура, заедно со зелката и со тофуто се сметаат за многу здрава и хранлива намирница. Веројатно оттука и познатата кинеска поговорка која вели: „Ако јадете ротквици и пиете топол чај, ќе ги оставите докторите гладни да просат на колена“…

За нивниот остар, по малку лут вкус се одговорни соединенијата од групата изотиоцијанати, а тој вкус може да варира од благ до изразито лут. Освен коренот, во кулинарството можат да се подготват и младите листови од ротквиците кои често се користат во салати, супи или пак се варат како и останатите зеленчуци од тој тип.