Знаци кои укажуваат на недостиг на витамини, а кои можат да се прочитаат на вашето лице

Проблемот со недостигот од витамини е многу важен, особено во периодот пред пролетта. Без витамини, ние се чувствуваме слабо и апатично и стануваме лесна мета на различните вируси.

Би се изненадиле кога би ви рекле дека се што ви е потребно за да дознаете дали имате недостиг од витамини е да се погледнете во огледало. Откако ќе ја прочитате оваа статија, самите ќе можете да ги воочувате проблемите.

Пребледа кожа

Малку луѓе можат да се пофалат со добар тен при крајот на зимата. Но, ако вашата кожа е премногу бледа во споредба со вашиот вообичаен изглед, тоа е знак дека ви недостасува витаминот Б12. Без него се чувствуваме уморни и без енергија. За да го вратите нормалното ниво на овој витамин, потребно е да јадете повеќе месо и морска храна.

Сува коса

Сувата, скршена коса која е покриена со големо количество првут може да биде знак дека ви недостасува витаминот Б7. За да го зголемите нивото на Б7, потребно ви  да јадете месо, риба, зеленчук, овошје, печурки. И не заборавајте да внимавате малку на исхраната.

Подуени очи

Ако сте забележале подуеност околу вашите очи и вашите екстремитети, вашето тело можеби има недостаток на јод. Најчестиот извор на ова е јодизирана сол. Јодот се наоѓа во морска храна, млечни производи и дури и леб.

Безбојни усни

Бледите усни се знак дека железото ви е паднато. Нискиот артериски притисок и честите настинки можат да бидат дополнителни знаци. За среќа не е тешко да го вратите нивото на железо. Едноставно треба почесто да јадете црвено месо и во одреден период да се откажете од храна која има високо количество на калиум.

Крвави непца

Крвави непца може да укажуваат на недостаток од витамин Ц. Намалена количина од ова може да води кон послаб имунитет, болки во мускулите и проблеми со забите. Витаминот Ц може да се најде во цитронот и црвените пиперки.

Важно е да се запаметат овие индиректни симптоми на недостаток на витамини. Ако сте забележале барем еден од овие знаци, упатете со кон вашиот доктор за повеќе информации.