Знаци кои покажуваат дека имате проблеми со срцето

Многумина поради незнаење и неверување преживуваат и го поминуваат на нозе. Вашето тело испраќа јасни сигнали, а ваше е да ги препознаете. Ова се некои необични знаци кои не би требало да ги игнорирате бидејќи според податоците на Светската здравствена организација, од 1970 до 2000 година бројот на срцеви заболувања пораснал за 300 проценти.

Отечени нозе

Големата порција на калорична храна која сте ја вечерале, пица или хамбургер, не мора да биде единствената причина зошто се чувствувате „како балон“. Отечените и тешки нозе можат да бидат индикатор дека нешто не е во ред со вашето срце.

Задржувањето на течности е вообичаен симптом кога срцето не ја пумпа и не ја обработува крвта на правилен начин.

Пред да се исплашите, навистина запрашајте се зошто ви отекуваат нозете и задолжително појдете на лекар ако мислите дека тоа не е од храната.

Главоболки

Постојат неколку видови на главоболки и не е секоја знак дека срцето ви е послабо. Но, ако таа болка е придружена со уште некој симптом, како што се вртоглавици, тоа може да укажува на аневризма и тоа бара итен лекарски преглед.

Грчеви во стомакот

Болка во градите или непријатно трнење на левата рака се симптоми кои најчесто се поврзуваат со срцеви проблеми. Меѓутоа, лекарите велат дека и грчевите во стомакот можат да бидат индикатор. Особено внимание обрнете ако почувствувате болка каква што не сте почувствувале никогаш претходно. Исто така, и невообичаена болка во горниот дел од грбот може да укажува на проблеми со срцето.

Исцрпеност

Ова е најтешкиот симптом, бидејќи може да укажува на различни проблеми, а можеби и едноставно сте ненаспиени.

Особено кај жените, необичниот замор може да се забележи за време на срцев удар, исто како и неколку дена пред самиот удар. Константниот замор немојте секогаш да му го препишувате на времето, туку контактирајте лекар за преглед.

Несвестица и вртоглавици

Ако имате блага несвестица и кратки воздишки, сметајте дека е крајно време да посетите лекар. Вашето тело ви испраќа сигнали дека срцето не работи како што треба.

Тоа може да биде ран знак за срцеви или болести на белите дробови.