Знаци кои алармираат дека на вашето тело му е потребна вода

Општо е познато дека на организмот му се потребни големи количества на вода. Водата сочинува дури 75% од телесната маса, а без вода, организмот не може да издржи повеќе од неколку дена. 

Секоја клетка, ткиво или орган во нашето тело зависи од водата. Водата ги подмачкува зглобовите, очите, помага при дигестијата на храната, ги исфрла токсините од организмот, ја чува кожата и сл. Без вода, телото би престанало да функционира онака како што треба, па со оглед на тоа, многу е важно редовно да се хидрирате. За да го направите тоа, внесувајте доста течности и внесувајте храна која содржи висок процент на вода. Исто така, би требало да знаете дека телото во извесни ситуации губи повеќе вода од вообичаено. До губитокот може да дојде поради физичка активност, претерано потење, дијареа, повраќање, дијабетес и често уринирање. Ова предизвикува дисбаланс на електролитите во организмот, што води до дехидратација која пак, му ја отежнува работата на организмот. 

Некои луѓе не се свесни дека нивниот организам има потреба од вода. Сфаќање на симптомите на дехидрација ќе ви помогне да дознаете кога на вашиот организам му е потребно зголемено внесување на вода. Ова се најчестите знаци на предупредување на кои вреди да им се обрне внимание:

Забрзано чукање на срцето
Кога нивото на вода во организмот е намалено, тоа го поместува балансот на минерали во телото. Овој симптом се појавува кога нивото на калиум и шеќер во крвта е низок, а тоа предизвикува предвремени контракции на горните и долните комори на срцето. Забрзаното чукање на срцето може да биде предизвикано и поради недостаток на магнезиум. 

Непријатен здив
Плунката ги штити нашите заби од кариес и други болести така што формира заштитна обвивка која помага да се исчистат остатоците од храна помеѓу забите. Кога не внесувате доволно количество на вода, нашиот организам не произведува доволно плунка, што им овозможува на бактериите да се развиваат, што пак, предизвикува лош здив, но и со тек на времето нездрави заби. 

Зголемена желба за одредена храна
Дехидрацијата може да доведе го отежне лачењето на одредени супстанци во телото, како на пример гликогенот. Недостатокот на гликоген резултира со зголемена желба за консумирање на слатки работи. Иако потребата за одредени намирници варира, најчесто се работи за слатки продукти. Во овој случај, одбегнувајте ги слатките и одберете консумирање на овошје, кое содржи природни шеќери и големо количество на вода. 

Болка во зглобовите и мускулите
Доколку зглобовите не се адекватно хидрирани, тоа може да предизвика триење помеѓу коските при движење, што ќе резултира со воспаленија и болка. Ниското ниво на магнезиум предизвикано исто така од слаба хидратација може да доведе до грчење и болка и во мускулите. За да го решите овој проблем, покрај вода, важно е и консумирање темно зелен зеленчук и авокадо, кои се особено богати со магнезиум. 

Главоболка
Човечкиот мозок е сместен во мембрана која содржи течност и го штити мозокот од допири со черепот. Доколку количестото на течност во мембраната се намали, тоа може да доведе до контакт на мозокот со черепот, што евентуално ќе предизвика главоболка. Дехидрацијата може да го намали и дотокот на крв во мозокот, што исто така предизвикува главоболки. 

Замор и летаргија
Недостатокот на вода во организмот предизвикува и намалување на количеството на крв во телото. Тоа предизвикува зголемен крвен притисок. Во превод, вашето срце мора да работи понапорно за да ги нахрани органите и мускулите во телото со кислород, а тоа го исцрпува организмот. 

Темна урина
Урината би требала да биде проѕирна или светло жолта. Тоа значи дека бубрезите имаат доволно вода на располагање за да ги елиминираат токсините. Кога урината има темна боја, тоа значи дека бубрезите ја имаат пренасочено водата со цел одржување на нормален крвен притисок и баланс на минералите во организмот. Темната урина значи дека во неа се наоѓа преголема концентрација на токсини. 

Сува кожа и уста
Кожата е составена од околу 30% вода. Тоа би значело дека водата е заслужна за нејзината еластичност, отпорност и зтегнатост. Маснотијата која ја создава кожата е одговорна за неиспарување на водата од телото. Некои надворешни фактори, како на пример туширање, сув воздух, топлина, инфекции на кожата и сл. предизвикуваат исправуање на водата низ кожата. Во ваков случај, потребно е да се надополнат резервите на вода, преку консумирање на истата. 

Забавени мозочни функции
Недостатокот на вода во организмот, исто така може да предизвика и промени во расположението и когнитивните функции. Блага дехидрација, може да предизвика краткотрајна меморија, измена на перцепцијата, ослабена аритметичка или моторички функции кај луѓето независно од возраста. Дехидрацијата предизвикува конфузија, исцрпеност, бес или хиперактивност. 

Констипација и проблеми со варењето
Водата му помага на дигестивниот систем да ја свари храната и да ги извлече од неа хранливите состојки. Дебелото црево ја впива водата, како би формирало столица со адекватна козистенција. Во случај на дехидрација, дебелото црево ќе впие повеќе вода, за да го надополни недостатокот. Тоа ќе предизвика неправилна конзистенција и интервали на исфрлање на отпад од организмот.