Знаци дека во врската се однесувате како мајка, а не како партнерка

Многу парови настојуваат од врската да направат рамноправно партнерство. Желбата да се грижиме за другата половина е сосема природна, но постои тенка граница меѓу грижата за партнерот и онаа што треба да биде грижа за детето. Затоа ви доловувавме пет ситуации кои покажуваат дека во врската се однесувате повеќе како родител, а помалку како партнер. Вината за ваквата поставеност на работите во врската најчесто лежи во партнерот бидејќи влече навики и шема на однесување од детството кога за него сѐ правела мама.

Караници без решение

Расправањето и карањето се составен дел на секоја врска. Но важно е успешно да ги решите. Ако завршат безуспешно, само ќе чувствувате лутина и гнев. Сетете се само како изгледаа вашите караници со родителите додека бевте деца. Караниците со партнерот треба да бидат, всушност, спротивни на тие со родителите бидејќи вашите улоги се рамноправни.

Чистење зад партнерот

Да го следите партнерот во чекор и да чистите зад него навистина нема смисла. Дали станува збор за трошки храна или за купишта облека на подот, партнерот треба да биде свесен дека е тој оној што треба да расчисти зад себе. За посреќна врска доволно е само рамноправно да ги поделите домашните обврски.

Барање изговори

Нормално е дека вашиот партнер сакате да го видите во најдобро светло и дека сакате да браните некои негови одлуки, но постојаната потреба за создавање изговори и барањето оправдувања за неговото лошо однесување кое трае веќе подолго време, нема да ја направи вашата врска поуспешна. Нема потреба за мајчинска заштита, туку поттикнете го својот партнер да ја прифати одговорноста за своето однесување.

Потполно контролирање

Некои луѓе едноставно имаат контролирачки способности. Но ако го контролирате секој сегмент од врската и немате доверба во својот партнер, тогаш настанува проблем. Важно е двата партнери да ја сфатат состојбата во врската и да сакаат да се променат затоа што ако не му допуштате на партнерот да донесе некои одлуки, тоа може многу лошо да влијае на вашиот однос и на вашата иднина.

Постојано приговарање

Никој не сака приговарање без престан, а посебно личноста што мора постојано тоа да го слуша. Можеби ви се чини дека тоа е единствен начин да допрете до партнерот кој се однесува како дете, но конструктивниот разговор меѓу две возрасни лица и тоа како е можен ако се потрудите и двајцата.