Знаци дека внесувате премногу шеќер во организмот

Препорачаната дневна доза на шеќер е 9 мали лажички за мажи, и 6 за жени, за режим на исхрана од 2000 калории дневно. Моментално, според разни истражувања, просечниот внес кај повеќето луѓе е 3 пати поголем од тоа – 22 лажички дневно.

Еве некои знаци дека внесувате премногу шеќер (во разни форми) во организмот:

Големи разлики во нивото на енергијата

Ова се должи на многуте „празни“ калории кои се внесуваат со шеќерите, и е повеќе забележливо доколку во меѓувреме немате внесувано јаткасти плодови, протеини, овошје или зеленчук, или несмасно млеко. Наместо да „грицкате“ слатко кога ќе почувствувате глад во тек на денот, докторите препорачуваат тоа да го замените со, на пример, протеински бар или бар од житарки, а газираните пијалаци со вода.

Необјаснива подуеност

Шеќерот ја намалува ефективноста на метаболизмот и создава задршка на течности – што предизвикува подуеност, особено во абдоменот.

Прејадување

Шеќерот се процесира неверојатно брзо, па така не чувствуваме дека сме „полни“, т.е најадени. Внесот на храна со многу празни калории како колачиња, торти, пити, бонбони, овошни пијалаци и сл. доведува до прејадување и зголемување на нивото на шеќер во крвта, кое откога ќе се спушти не прави уморни и повторно гладни.

Лошо спиење

Тоа може да се должи на преголем внес на шеќер во текот на денот, а особено пред легнување, што го изместува балансот на хормоните во телото и може да ве држи будни длабоко во ноќта.

Чести главоболки

Премногу шеќер предизвикува состојба слична на мамурлакот после премногу алкохол – главоболки, подуеност, расеаност и слично.

Нерегуларна столица

Состојбите како нерегуларната столица, подуеност, запек, дијареја, гасовитост и сл. се појавуваат кога се внесува премногу шеќер, бидејќи лошите бактерии во телото се хранат од него.

Акни и сува кожа

Сувата кожа како и појавувањето на акни повеќе од вообичаеното е поврзано со исхрана богата со шеќери, така што доколку ги забележите овие симптоми, намалете со нивниот внес и јадете повеќе зеленчук, протеини и незаситени масти.