Знаци дека итно ви е потребен секс

Секому може да му се случи сушен период. И тоа со добра причина. Можеби, да кажеме, неодамна сте излегле од долга врска и ви треба време да преболите. Во други околности многу добро знаете дека е време да се вратите во игра. Сепак, ако вам ви е потребен пријателски потсетник тука сме. Погледнете кои се знаците кои откриваат дека е неопходно да ја задоволите својата сексуална глад.

Се возбудивте кога згодниот колега ви испратил фотка од модар патлиџан. Ахааа, значи сакал да предложи да нарачате модар патлиџан за ручек. Ок, за промена би можел да користи зборови во пораката и дефинитивно да се воздржува од праќање банани. Лизавче и да не споменуваме.

Во вашиот интернет пребарувач има повеќе порнографски содржини отколку се’ останато. Ако само ја напишете буквата П во пребарувачот, а тој веднаш ви понуди Порнхуб наместо Пандора, тогаш прво избришете ја историјата на пребарување (бидејќи никој не треба да го види тоа) второ, оддалечете се од компјутерот.

Малку се запаливте на буритото што го јадевте пред некој ден. Беше така жежок што малку заборавивте дека и сексот може да биде. Да, секако дека не постои никаква врска меѓу овие два поими, но недостатокот на секс дефинитивно се поигрува со вашите мозочки синапси.

Ја натеравте пријателката да ви ги раскаже сите можни детали за нејзиниот последен состанок. Ништо не смее да изостави, бидејќи барате (морате) да знаете се’: каква била предиграта, кои пози ги користеле, колку долго траело. Како да слушате „50 нијанси сиво“ на ЦД.

Дадовте се’ од себе во телефонот да најдете контакти со кои би можеле да разменувате секси пораки. Ако секстингот бара толку напор тогаш веројатно и не е добра идеја. И никогаш тоа не го правете поради тоа што го чувствувате обврска. Но, ако веќе имате на ум жешка СМС порака за згодниот бармен кој го запознавте лани лето, кои сме ние да ве спречиме?

Последниот состанок што го имавте беше со вашиот вибратор. Не сфаќајте погрешно и ние сакаме секс играчки, но ако повеќе време поминувате со вибраторот отколку со жива личност веројатно е време да направите пауза.

Можеби веќе сте заборавите што се’ се подразбира под секс. Тоа е можна грешка, еве мала помош за вас: секс за една вечер не е нешто што може да се пронајде во супермаркет.

Почнува да ви се допаѓа заплетот во порно филмовите. Дали навистина сте заборавиле што се случува за време на вистински секс? Дозволете да ве потсетиме дека порното е фантазија: мнозинството мажи не можат да издржат 23 минути и 24 секудни.

Вашиот поштар ви изгледа многу згоден. Дали се шишал? Оди во теретана? Хммм. Во секој случај, и тој и Марко од сметководство буквално се мелем за очи во овој момент.

Случајно сте заборавиле да се напиете неколку контрацептивни таблети овој месец. И не паничевте. Знаете дека немавте секс овој месец, а подобра контрацепција од тоа имали.

Почнувате да размислувате за секс со бившиот. Дали и тој е сингл? Врската ви беше ужасна, но сексот беше супер. Дали вреди? Повторувајте во себе: Не! Не е вредно!

Имавте секс со Ченинг Татум седумпати оваа недела. Проклет да остане алармот што ве разбуди!

Вашата секси долна облека не излегла од фиока веќе 100 години. Јасно ни е, што да се мачите со чипка кога единствена акција која деновиве ви се случува е јога тренингот. Но, зарем не ви недостига?

Мачката на соседите има повеќе секс од вас. Можеби кај вас дома не е, ама во природата дефинитивно е сезона за парење. А, сето тоа гребење што го слушате ноќе е нивен начин да се известат дека имаат секс, а вие не.

Малку се запуштивте околу препоните. Да, можебите грмушката ќе се врати во мода, но, ако толку се ураснати веројатно не се чувствувате многу секси.

Не сте имале секс уште од времето кога Бритни Спирс и Џастин Тимберлејк беа заедно. Веќе не се работи за супа, кај вас ситуацијата е како во пустината Гоби. Престанете да читате и обидете се да ги смените климатските услови кај вас – време е за малку влажност.