Значително зголемен бројот на решени барања за легализација во Аеродром

За вкупно 355 предмети се издадени решенија, за само 6 месеци во Општина Аеродром, издадена е урбанистичка согласност за 200 предмети, започната е двострана комуникација со странката за 250 предмети и изготвени се уште десетици известувања, пресметки и заклучоци, информираат од Општината. 

Од таму наведуваат и на што се должи тоа.

-Реорганизација на работните процеси и формирање на работни комисии кои ги разгледуваат предметите на граѓаните и правните лица резултираше со поефикасно решавање на барањата доставени до општината Аеродром.Овој значително зголемeн број на завршени предмети и започнати предмети се должи на новиот начин на работа во Општина Аеродром кој овозможи стотици нови решенија за легализација и почеток на процесот за конечно решавање на над 900 предмети. За таа цел, формирана е комисија од вработените, со што значително се забрза целиот процес за легализација.Станува збор за еден од најголемите проблеми со кој граѓаните во општината се соочуваат повеќе од 10 години. До сега, до Општината поднесени биле над 9000 барања за легализација на објекти од различен вид. - пишуваат од Општината на официјалната Фејсбук страница.

Додаваат и дека Општина Аеродром и понатаму ќе продолжи со реорганизација на администрација со цел нејзино ефикасно искористување, а во насока на постапување во најкраток рок по барањата од граѓаните и правните лица.