Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05% во однос на одлуката од 18.4.2023 година.
Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит, додека на Еуросупер БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит. Цената на Еуродизел (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Цените кои ќе важат од полноќ се:
Еуросупер БС95 – 95 82,50 (денари/литар)
Еуросупер БС98 – 98 85,00 (денари/литар)
Еуродизел БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,409 (денари/килограм)