Значително намалување на цената на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика реши од полноќ да поевтинат дел од нафтените деривати.

Цените на бензинот БС-95 и дизелот се намалува за два денари, додека на БС-98 останува иста.

Тоа значи дека по полноќ БС-95 ќе се продава по цена од 81,5 денари, додека дизелот ќе чини 75,5 денари, додека БС-98 ќе се продава по цена од 85,5 денари.