Значајна награда за човечки ресурси за „Нептун“ Македонија - проверете зошто групацијата „Балфин“ е водечка HR-компанија во нашата земја

Ана Костовска, менаџерка за човечки ресурси во „Нептун“ Македонија ја доби наградата најдобар менаџер за човечки ресурси за 2019 година на HR наградите што ги организира Македонската асоцијација за човечки ресурси. Наградата е уште едно признание за HR-политиките на компанијата, која е дел од интернационалната групација „Балфин“, една од најзначајните и најсилните инвестициски групации во регионот.

- Признанието што го добивам сега, го сметам за верба дека ќе придонесам уште повеќе. Среќна сум што сум дел од „Балфин“, групација која посветува посебно внимание на своите вработени, како своја главна и најсилна страна, нешто што ја води напред во сите земји во кои работи, во нашата земја, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Австрија и Холандија – вели Костовска. 


 
Ана Костовска, менаџерка за човечки ресурси во „Нептун“ Македонија

 Секој сегмент од една компанија внесува значајна вредност во целината, но современите компании, посветени на иновации и на подобрување на општеството знаат дека, сепак, најголемата вредност за компанијата се луѓето. Сите нематеријални вредности, како што се патентите, авторските права, интелектуалната сопственост, брендовите, трговските марки и истражувањата и развојот се резултат и се создадени од луѓе. Ова мото е вткаено и во начинот на работа на групацијата „Балфин“. Одлучивме да откриеме зошто управувањето со човечките ресурси е толку важно за компаниите од групацијата.

- „Балфин“ е навистина динамична работна средина и мислам дека токму тоа е она што им се допаѓа на вработените. Имаат желба да учат и да растат професионално. Кога зборуваме за селекција на вработените, се стремиме да вработуваме не само врз основа на техничките вештини, туку и поради страста, динамичноста и желбата за професионално растење кои кандидатите ги изразуваат на интервјуата. Таквите луѓе дефинитивно се главната причина за успехот на групацијата – вели Елвин Носи, директор за човечки ресурси во „Балфин“.

„Балфин“ вработува повеќе од 6.000 вработени кои работат во различни области – градежништво, развој и управување со недвижнини, туризам, големопродажба и малопродажба, енергетика, минерална индустрија, банкарство... Во нашата земја, под капата на „Балфин“ работат две компании – „Нептун“ и „Скопје ист гејт“.


 
Елвин Носи, директор за човечки ресурси во групацијата „Балфин“

- За да бидат дел од „Нептун“ и да бидат успешни, вработените треба да имаат желба за учење, да се искрени, позитивни, трудољубиви, активно да се вклучуваат во тимските активности, да покажат самоиницијативност и мотивираност. Треба да се ориентирани кон откривање и задоволување на потребите на потрошувачите и слободно да ги изразуваат своите иновативни идеи – вели Анета Дуданова, специјалистка за регрутација во „Нептун“ Македонија.

Во моментов „Нептун“ брои 386 вработени. Дуданова вели дека нивниот личен раст и развој се меѓу клучните вредности на компанијата, затоа што се свесни дека личниот раст води до компаниски раст. Поради тоа, тие континуирано обезбедуваат обуки и едукативни работилници во согласност со потребите на компанијата и личните потреби на вработените.

- Континуирано инвестираме во едукацијата на вработените, и во однос на техничките и на меките вештини, како и во тим-билдинг активности. Имаме голем број тимови кои се распоредени на различни локации низ Македонија и овие активности се шанса вработените да се запознаат, да разменат идеи и мислења и да си помогнат во надминување на проблемите – вели Дуданова.


Анета Дуданова, специјалистка за регрутација во „Нептун“ Македонија

„Скопје ист гејт“ е другата македонска компанија што е дел од групацијата „Балфин“. Тоа е растечка компанија која управува со недвижниот имот во рамките на мултифункционалниот проект „Скопје ист гејт“ (СЕГ), кој се состои од трговски центар, станбен комплекс и бизнис центар. Се очекува дека овој проект ќе постави нови стандарди за шопинг, живеење и бизнис во Скопје и ќе стане нов симбол на градот.

- Нашиот тим ги има истите атрибути како и проектот – сериозен, амбициозен, упорен, динамичен и тоа се карактеристиките кои се заеднички за сите вработени. Секој поединец има исклучително важен придонес и носи лична одговорност во реализирањето на високобуџетниот инвестициски проект, што претставува воедно и најголемата приватна инвестиција на градежен комплекс со неколкунаменска употреба. При селекцијата на кандидатите се водиме од мотото дека вработените се носители за развојот на компанијата и двигатели на бизнисот. Бараме искусни поединци кои се мотивирани да дадат свој придонес за нашата успешна приказна и кои ја делат нашата визија – вели Сузана Ристова-Величковска, финансиски директор во СЕГ.

СЕГ во првата фаза од реализацијата, изградбата на трговскиот центар, има 33 вработени. Се очекуваат 50 нови вработувања кога тој ќе се отвори и ќе почне изградбата на станбениот комплекс и на бизнис-центарот.

- Личниот раст и развој на вработените е еден од приоритетите во политиката на компанијата. Континуирано инвестираме во нашите вработени преку различни обуки и курсеви, размена на искуство – додава Ристова-Величковска.

 Сузана Ристова-Величковска, финансиски директор во СЕГ

Како интернационална групација, „Балфин“ често ја користи можноста за интерна мобилност на своите вработени. Меѓународното искуство што тие го стекнуваат е од голема вредност и за вработените и за нивните компании.

- Интерната мобилност во рамките на компаниите од групацијата ја сметаме како значајна можност за професионален развој и за напредување во кариерата. Истовремено, и групацијата има корист бидејќи така се пренесува добрата практика од една во друга компанија, секогаш кога е потребно да се унапреди одредена експертиза. Во моментов имаме неколку случаи на менаџери кои се на долг рок ангажирани од компаниите во Албанија низ други компании низ Балканот. Нашата цел е да изградиме добро структурирана меѓународна програма за мобилност, која ќе ги направи опипливи меѓународните можности за талентите на групацијата – објаснува Носи.

Дуданова посочува дека размената на искуства со напредни и иновативни компании е една од привилегиите што ги имаат како дел од групацијата „Балфин“.

- Вработените честопати учествуваат во обуки и размени организирани од „Балфин“. Тоа им дава можност да ги имплементираат позитивните практики и искуства од другите компании и да ги приспособат на нашите потреби. Понекогаш, добри практики од нашата компанија се применуваат во другите компании од групацијата – вели Дуданова.

Ристова-Величковска од СЕГ се согласува дека споделувањето искуства меѓу компаниите е од голема вредност.

- Нашите вработени учествуваат во обуки и работилници, на локално и интернационално ниво, со обучувачи кои се најдобри во своето поле на експертиза, каде што се споделуваат know-how и најдобрите практики. Континуирано имаме поддршка од нашите колеги од компаниите што се дел од групацијата – додава таа.

Дел од политиката на „Балфин“ е обезбедувањето на баланс меѓу работата и слободното време на вработените, како и еднакви можности за сите.

- „Нептун“ Македонија почна како семејна фирма и ние исклучително ги цениме семејните вредности. Ако вработените немаат баланс меѓу работата и слободното време, тие нема да бидат мотивирани, ни среќни, ниту продуктивни. Во суштина, „Нептун“ Македонија е едно големо шарено и инклузивно семејство. Сите сме различни и посебни на свој начин и се стремиме кон остварување на визијата на компанијата – вели Дуданова.

Луѓето се нашата најсилна страна

Елвин Носи, директор за човечки ресурси во „Балфин“, посочува дека луѓето се најсилната страна на групацијата. Според него, академските вештини се важни, но не се клуч за успехот во кариерата на вработените. 

- Академските и професионалните квалификации се важни, бидејќи вообичаено обезбедуваат добра основа за техничките познавања што се потребни за позицијата. Но тие не се секогаш клучни за успехот во кариерата на вработениот. Сведоци сме на многу вработени кои ги градат своите кариери благодарение на страста, желбата да учат нови нешта, користејќи ги широките можности што ги нуди групацијата благодарение на континуираниот развој – вели Носи.

Групацијата „Балфин“ создаде специјална програма, наречена „Talent Pool“, за најталентираните вработени. Креирана е за да им даде можност на талентите за унапредување и да им даде поттик во кариерата.

- Оваа програма се состои од идентификување, обука и развој на талентите и нивно подготвување за највисоките лидерски позиции на ниво на групацијата, сè до позицијата извршен директор на секоја од компаниите во сопственост на „Балфин – објаснува Носи.
Групацијата има уште една програма, Академија за обуки, чија цел е да им овозможи на вработените континуирано знаење, вештини и професионални вредности, со цел да се адаптираат на промените што им се случуваат низ кариерата.

- Идејата за креирање Академија за обуки се наметна природно, во согласност со новиот и модерен пристап што Балфин го усвои во стратегијата за развој на менаџерскиот персонал. Поради диверзитетот на бизнис-портфолиото на „Балфин“, групацијата е многу динамична и постојано е во развој. Сигурно е дека за да се развие и успее еден бизнис, потребни се амбициозни и мотивирани луѓе да преземат одговорност и да ја развијат својата кариера во рамките на групата - вели Носи.