Змија забележана во Аеродром – граѓаните бараат итна реакција поради близината на детско игралиште

Жителите на скопската населба Аеродром деновиве изразуваат загриженост по појавата на змија во непосредна близина на станбени згради и детско игралиште.

На социјалните мрежи, но и до нашата редакција, граѓани испратиха апели за итна интервенција од надлежните служби, стравувајќи за безбедноста на децата и минувачите.

Според информациите, змијата била забележана на улицата „Владимир Комаров“, во дел каде секојдневно има голема фреквенција на жители, особено во попладневните часови.

Најголема загриженост кај жителите предизвикува фактот што влекачот бил виден во непосредна близина на детско игралиште, каде често престојуваат мали деца.

Граѓаните бараат теренска проверка и навремена реакција од општинските и надлежните служби, со цел да се избегне евентуален инцидент.