„Златна Бубамара“ за животно дело за Григор Копров

Наградата за животно дело на 22-то издание на „Златна бубамара на популарноста“ ја добива композиторот Григор Копров.

Тој зад себе има 45-годишна творечка кариера и во фолклорот, но и во современите музички трендови.

Голем дел од неговите композиции станаа големи хитови, а некои и евергрини.

Во текот на својата кариера соработувал со Маја Оџаклиевска, Тоше Проески, Калиопи, Ана Костовска, Каролина, Марјан Стојановски, Владо Јаневски, Калиопи…

Три негови композиции биле испратени на Евровизија и тоа „Не зори зоро“ на Владо Јаневски, „Мојот свет“ на Каролина Гочева и „Русинка“ на Влатко Илиевски.

Тој е и уметнички директор на „Охридски трубадури“ веќе 25 години.