„Златна бубамара на популарноста“ најавува незаборавен музички спектакл

Манифестацијата ,,Златна бубамара на популарноста” ќе се одржи на 21-ви февруари во ВИП Арена Борис Трајковски во Скопје.

Убави работни денови со екипата која 14 години ја подготвува сценографијата и аудивизуелниот изглед на Златна Буба мара Бината е подготвена! Сценариото е јавна тајна. Не очекува незаборавен музички спектакл.Од нас добивте 22 години - па кој Ви има дадено повеќе?

Слоганот на претстојното забавното шоу е -Да се предадеме, а организаторите во свој стил ја најавија програмата за настанот.

-Драги наши отруени и запоставени граѓани, доколку сè уште верувате дека има останато некој нормален во нашата држава – доаѓа денот кога можеме да се собереме и заедно да провериме, да се проветриме и да уживаме во најновото издание на ,,Златна бубамара на популарноста”.

Време е да се предадеме – на музика, смеа и работа. Откако се оддадовме – на лажење, крадење и неверства…Ова е можност за просветлување и воскреснување на надежта...