Златко Марин постави столбиња, твитерџиите му фатија сеир

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин на социјалните мрежи се пофали дека општината поставила нови заштитни столпчиња покрај тротоарите, велосипедските и пешачките патеки покрај булеварите и улиците, со цел да обезбедиме непречено движење на пешаците и на велосипедите и спречување на непрописно паркирање.  Но, оваа објава беше причина за сеир помеѓу корисниците на твитер мрежата.

На оваа тема денес пишуваа и коментираа твитерџиите. Тие тврдат дека столбињата се неправилно и непрописно поставени.

ТвитеротНаАнаФранк‏ @box_kiki напиша: Дечково дури ни ступчиња не знае да постави правилно. Ко што ме држи логика, треба да се меѓу тротоарот и улицата, не после тротоарот. Шо не ги стаил у сред парк ако не.

Овој твит предизвика и низа други коментари. Овие стубчиња се поставени од самите граѓани во зградата, да не се пакираат возила пред Стокомак. Овај скрос е забеган бе, напиша William Wallace

На следниот линк може да ги прочитате останатите коментари на оваа тема.