Златко Калински се враќа на коментаторското столче

Курир од извори од спортската програма на МРТ дознава дека Златко Калински се враќа на коментаторското столче.

Денес директорот на МРТ Марјан Цветковски имал средба со Калински и му понудил неколку опции за крај на неговата долга и успешна кариера.

Опциите биле коментирање на финалето од Лигата на шампионите во Кардиф, Супер купот на Европа во Скопје и Светското првенство во атлетика кое летово ќе се одржи во Лондон. Калински без размислување го одбрал Светското првенство во атлетика и очекуваната легендарна трка на 100 метри каде Јусеин Болт ќе се прости од атлетските патеки.

Како што беше контатирано на средбата две легенди заминуваат во пензија.