ЗК „Пелагонија“ ги продаде сите свои акции во „Жито Полог“

Преку Македонската берза, Акционерот ЗК „Пелагонија“ АД-Битола соопшти дека продаде 5.047 обични акции со право на глас издадени од „Жито Полог“ АА Тетово и со тоа повеќе не поседува акции издадени од „Жито Полог“ АД Тетово, .

Од компанијата информираат дека .„Друштвото за трговија, производство и услуги АС „Сењак“ увоз-извоз Селаудин Арифи ДООЕЛ Кичево се стекна со 5.066 обични акции со право на глас издадени од „Жито Полог“ АД Тетово. Тоа претставува 9,05 проценти од вкупниот број на издадени акции на друштвото.“